Продавачка во златарница неодамна објави сега вирално видео, во кое открива како „случајно“ разоткрила неверен сопруг, кој дошол да им купи накит на сопругата и љубовницата.
Зои Ро има над 300.000 обожаватели на „ТикТок“, а неодамна објави и видео во кое ја раскажува приказната за клиентот.
Работев во златарница и еден постар господин дојде во потрага по нешто за неговата сопруга по повод годишнината од венчавката - рече Зои на видеото што го прегледаа над седум милиони корисници.
- После некое време тој избра подарок за својата сопруга, и јас учтиво го прашав „Дали е тоа сè“, на што тој ми рече „Не, тоа е тоа за неа. Но, сакам да купам уште еден подарок само што ќе го платам со друга картичка “, рече таа.
Во ТикТок објавата, која трае само една минута, таа рече дека не му придавала значење на ова барање затоа што сметала дека на првата картичка едноставно немало доволно средства, но потоа следел мал шок.
- Ме праша дали имаме нешто со натпис „девојка“. Откако реков дека имаме, ме замоли да видам што нудиме и додаде дека планира да купи подарок за љубовницата. Бидејќи немавме чанти во други бои, тој ме замоли да напишам „К“ за Кристина, неговата сопруга, на дното на едната и „Л“ за Лора, неговата љубовница, на другата - рече Зои, но потоа таа направи драматична пауза и додаде:
@zozoroe What a good day to look out for other women😈 this happens too often. ##fyp ##whydomen ##storytime ##CTCVoiceBox ##DayInMyLife ##OikosOneTrip ##funny ##viral
♬ original sound - Zoe Roe
- Сè веројатно ќе поминеше одлично ако „случајно“ не ги згрешев поклоните. Јас случајно ги измешав имињата, Лаура е всушност неговата сопруга, а не неговата девојка? Упс - рече таа.
Иако е тешко да се поверува, многу корисници ја нападнаа Тиктокерката во коментарите, велејќи дека не е во ред таа да се вклучува во сето тоа.