НЕЧОВЕЧКА ТОРТУРА: Банда му ги извадила очите и му ги отсекла рацете на 16-годишник (ВИДЕО)

16.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕЧОВЕЧКА ТОРТУРА: Банда му ги извадила очите и му ги отсекла рацете на 16-годишник (ВИДЕО)

Банда мажи во Јордан, поточно во градот Зарка, варварски масакрирале 16-годишник, кому му ги отсекле рацете и му ги извадија очите.

Овој факт ги потреси граѓаните во земјата, кои нападот го опишаа како нехуман. Веста одекна по изјавата за медиумите на портпаролот на Дирекцијата за јавна безбедност на Јордан, полковник Амер ал-Сартави, кој рече дека 16-годишното момче било лекувано во владината болница во Зарка.

Според него, младото момче било донесено во болница во отежната здравствена состојба, откако било тепано и масакрирано од бандата која му ги извадила очите и му ги отсекла рацете. Според официјалната верзија на полицијата, 16-годишникот бил присилно одведен од мажите и однесен во напуштена област, каде што потоа бил тепан и мачен со остри предмети. Злосторство е снимено дури и во видео, кое подоцна стана вирално на социјалните мрежи. На видеото се гледа тинејџерот кој моли за помош.

Во меѓувреме, кралот на Јордан, Абдула 11, лично го следи случајот и побара од органите да ги пронајдат и да ги уапсат сторителите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата