Комисијата: РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

15.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Комисијата: РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје - Скопје и член на Комисијата за заразни болести, за „А1он“ изјавил дека Комисијата ја разгледува можноста за прогласување нова вонредна состојба и воведување полициски час.

„Сите опции се ставени на маса. Размислуваме и за нова вонредна состојба и за полициски час. Тоа се мерките кои можеме да ги препорачаме доколку се продолжи со ова темпо. Дали и кога ќе ги препорачаме зависи од исполнетоста на болниците. Сите болници веќе се полнат, но сè уште има слободни места, а ја имаме и монтажната болница“, изјавил директорот Стојанов.

Тој додава дека исто така е можно распустот на учениците да започне во ноември и да трае до март идната година. Дури постои опција и целосно да се затворат училиштата, градинките, угостителските објекти и сите други објекти во кои има собирања, а можно е пак да биде одлучено да не се оди на работа.

Целата вест прочитајте ја на „А1он“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата