Визер“ е во процес на суспензија до 50 линии на просторот на земјите од поранешна Југославија, а секој град што го опслужува оваа компанија ќе биде засегнат.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, најголем број откажувања ќе има Скопје, главниот град на  Македонија, а потоа следуваат Тузла, Охрид, Подгорица, Белград, Ниш, Приштина, Љубљана, Сплит и Сараево.

Неколку летови што се уште се активни, како што се Виена-Охрид, Стокхолм Скавста-Скопје и Меминген-Подгорица, ќе бидат суспендирани за две недели и нема да ги има во текот на зимската сезона, пишува порталот Екс-Ју Авијација.

Превозникот планира да обнови некои линии во ноември и декември, но мала е можност за тоа. Повеќето летови нема да бидат обновени до летната сезона следната година, која започнува кон крајот на март.

„Визер“ е во процес на обновување на некои линии кои беа привремено откажани за време на летниот период, вклучително и на Скопје-Турку и Белград-Ларнака, додека летовите на линиите Скопје-Нирнберг, Скопје-Копенхаген, Скопје-Баден Баден, Скопје-Рим, Скопје Милано, Скопје-Малта и други повторно ќе бидат воспоставени за еден до два месеци.

И покрај намалувањето на сообраќајот во поранешна Југославија, „Визер“ се шири на друго место – во Западна Европа, а неодамна најави нови линии во Норвешка.

Компанијата се соочува со пад од 60 проценти на бројот на патници во септември, месец за кој се надеваа дека ќе претставува почеток на закрепнувањето.

Според авиокомпанијата, нејзиниот капацитет останал за 40% помал во споредба со истиот месец лани. Овој октомври авиокомпанијата лета само со 50 проценти од своите капацитети. Визер не предвидува работа со поголем капацитет во текот на зимата доколку се задржи моменталната состојба со пандемијата. Сепак, постојните операции се значително поголеми од активностите на повеќето други европски авиокомпании, пишува порталот Екс-Ју Авијација.

Листа на суспендирани летови со датум за повторно воведување

 Skopje – Salzburg      MAR 29

 

Skopje – Charleroi     DEC 5

Skopje – Larnaca       MAR 28

Skopje – Copenhagen     NOV 1

Skopje – Beauvais     DEC 5

Skopje – Bremen      MAR 28

Skopje – Hanover    MAR 29

Skopje – Baden Baden    DEC 5

Skopje – Nuremberg    OCT 25

Skopje – Budapest     DEC 4

Skopje – Milan    DEC 5

Skopje – Rome    DEC 6

Skopje – Venice    DEC 6

Skopje – Malta     DEC 5

Skopje – Sandefjord     MAR 29

Skopje – Bratislava    DEC 4

Skopje – Barcelona    MAR 28

Skopje – Stockholm Skavsta    MAR 28

Skopje – Vaxjo    MAR 2

Ohrid – Vienna     DEC 5

Ohrid – Basel     NOV 10

Ohrid – Dortmund    DEC 5

Ohrid – Memmingen    MAR 29

Ohrid – Milan     MAR 28

Ohrid – Malmo    DEC 4

Ohrid – London Luton    DEC 7

Најчитани вести