Ова е се што треба да знаете за НОВИОТ iPhone 12

10.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова е се што треба да знаете за НОВИОТ iPhone 12

Топ тема кај манијаците за најнови мобилни е iPhone 12 серијата. Apple презентацијата е на  13 октомври, а во меѓувреме се појавија информации за карактеристиките, цената и достапноста на новите модели.

Најпрвин, се пласираат четири телефони, со поддршка за снимање видео во Dolby Vision. Смартфоните се со Super Retina XDR дисплеи со керамичка заштита на предното стакло.

Најмалиот модел пристигнува со 5,4-инчен екран и ќе се вика iPhone 12 mini. Ќе постои и 6,1-инчен iPhone 12, што ќе биде наследник на моделот iPhone 11. Двата стандарди модела доаѓаат во црна, бела, црвена, сина и зелена боја, како и варијанти на складирање од 64 GB, 128 GB и 256 GB. Телефоните ќе имаат две камери на задната страна – стандардна и ултра широка.

iPhone 12 mini и iPhone 12 ќе имаат почетни цени од 699 и 799 долари. Претпродажбата на мини моделот почнува на 6. ноември и ќе се појави на пазарот на 13. ноември, додека iPhone 12 на пазарот ќе пристигне на 23. октомври.

Останатите два модела се iPhone 12 Pro и Pro Max, што ќе бидат достапни во златна, сребрена, графитна и сина боја. Почетната цена на овие телефони е 999 и 1099 долари, а ќе бидат достапни со простор за складирање од 128 GB, 256 GB и 512 GB.

Премиум моделите доаѓаат со подобрени камери, а интересно е што iPhone 12 Pro Max ќе има подобри камери од iPhone 12 Pro. Двата телефони ќе имаат стандардна, ултра широка и телефото-камера со LiDAR сензор (Pro Max ќе има подобра фокусна должина од Pro моделот, како и 5x оптичко зумирање, наспроти 4x на моделот Pro).

IPhone 12 Pro ќе биде во претпродажба од следниот петок, а достапноста на пазарот ќе започне една недела подоцна. Од друга страна, iPhone 12 Pro Max пристигнува подоцна и ќе се појави на пазарот од 20. ноември.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата