Кој не би сакал да работи во оваа компанија?! Им ПОДАРИЛА НА СИТЕ вработени нови автомобили

7.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кој не би сакал да работи во оваа компанија?! Им ПОДАРИЛА НА СИТЕ вработени нови автомобили

Кинеската компанија за производство на челик, „Џиангкси“ ги награди сите свои 4.116 вработени со нов автомобил. Наградата е заради надминување на зацртаната заработка, петта година по ред.

Корпорацијата „Џиангкси“ на своите вработени, неколку недели пред Денот на кинеската државност, им подари вкупно 2.933 возила Форд Територи и 1.183 Фолксваген Маготан. Според кинеските медиуми, фирмата тоа ја чинело 500 милиони јуани (74 милиони долари).

Компанијата соопшти дека ќе плати и за регистрација, петгодишно осигурување на автомобилот, како и данок за него. За сето тоа, кинеската корпорација доби пофалби од своите следачи ширум светот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата