Време за ајвар дојде во куќата на уште една пејачка. По Тијана со домаќинските способности се пофали и фолкерката Сузана Гавазова, која покажа дека не ја бива само за пеење, туку е и добра домаќинка.
И после некој нека рече дека не ни ја бива естрадата и дека знаат само да се фоткаат. Сузе жив доказ дека не знае да меша само на сцената, туку и со дрвената лажица.