(Видео) Жена која исчезна пред две години рибарите ја најдоа жива во морето

30.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Жена која исчезна пред две години рибарите ја најдоа жива во морето

Колумбијката Анџелика Гаитан (46) е пронајдена истоштена и со хипотермија додека лебдела во море во близина на брегот на градот Пуерто Колумбија во провинцијата Атлантико. Таа е забележана во водата на 26 септември, две години по нејзиното исчезнување. Ја пронашол локалниот рибар Роландо Висабал.

Според колумбиските медиуми, рибарот на почетокот не сфатил дека станува збор за човечко тело.

Видеото, кое брзо се прошири на Интернет, покажува како рибарите ја влечат беспомошната жена со помош на јаже.

Според извештаите од болницата, жената пловела во водата околу осум часа и дошла во болница во состојба на шок. Откако се опоравила, Гаитан изјавила дека жали за моментот кога решила да скокне во вода и како самиот Бог ја спасил од давење.

– Благодарна сум, Бог ми даде нова можност да продолжам – рече таа.

Полицијата почна истрага за случајот, за да се открие каде била спасената жена во изминатите две години.

Несреќната жена, за RCNRadio изјавила дека нејзиниот сопруг ја тепал и малтретирал за време на последните две бремености, пренесува DailyMail, а таа не можела да избега поради децата. И откако го пријавила неколку пати, сè се враќало по старо.

Во друго интервју, таа рече дека била заклучена во сопствената куќа и нејзиниот сопруг и забранувал да користи тоалет. Тој ја тепал и се обидел да ја убие во 2018 година.

Според нејзиното сведочење, пред две години,  избегала и шетала по улиците шест месеци сè додека не била примена во засолниште за жени каде што рече дека била исто така малтретирана и не го нашла засолништето по кое копнеела.

„Жените ја исклучуваа водата додека се туширав или ставаа течен сапун во мојот сок“, рече таа.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата