Путин: Надворешниот притисок врз Белорусија без преседан

29.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин: Надворешниот притисок врз Белорусија без преседан

Рускиот претседател Владимир Путин го осуди надворешниот притисок без преседан врз Белорусија.

„Белорусија се најде во тешка ситуација, во услови на невиден надворешен притисок по претседателските избори“, рече Путин во видеообраќање пред учесниците на руско-белорускиот форум.

Белорусија ја тресат протести од почетокот на август по реизборот на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кој управува со земјата од 1994 година. Лукашенко побара помош од Владимир Путин, а рускиот претседател му вети безбедносна поддршка на Минск, доколку е потребно и заем од 1,5 милијарда долари.

Путин денес оцени дека односите меѓу Русија и Белорусија се засновани на цврсти темели.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата