ЦЕЦА ГЛАВНА ЅВЕЗДА НА РОМСКА СВАДБА ВО РИМ: Блеска во црвено, се огласила од гала веселба, еве што вели...

28.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЦЕЦА ГЛАВНА ЅВЕЗДА НА РОМСКА СВАДБА ВО РИМ: Блеска во црвено, се огласила од гала веселба, еве што вели...

Фолк дивата Цеца Ражнатовиќ со ќерката Анастасија отпатувале во Рим, а сега ја открива причината за ова патување.

Имено Цеца е ангажирана да пее на една ромска свадба, а гости ја снимале додека нижела хитови. За време на вечерата и самата пејачка споделила дел од атмосверата со своите следбеници.

“Ромска свадба во Рим. Добри луѓе, преубава веселба“, напишала таа.

Нема сомневање дека Ражнатовиќ атмосверата ја довела до вжеѓтување, а како делува по снимката, гостите одлично се забавувале. За оваа прилика фолк дивата била облечена во црвен комплет.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата