Во Шведска наголемо трае ВОЈНА за која сите молчат

28.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Шведска наголемо трае ВОЈНА за која сите молчат

Шветската полиција мака мачи во борба со вкоренети криминални кланови, а насилството ескалира во оваа земја до неодамна позната по ниска стапка на криминал.

Неколку дестици активни криминални банди не се осврнуваат многу на законите и имаат значително влијание во некои од најсиромашните шветски квартови, истакнуваат криминолози.

Пукања и експлозии станале секојдневни настани во шветските градови, пренесува Јутарњни лист.хр. а други медиуми редовно известуваат за војна на кланови на дилери на дро*а, уцени, освети и сведоци кои одбиваат да соработуваат со властите од страв од освета.

“Дали сте го гледале филмот “Кум“? Ова во Шветска потсетува на тоа“, рекла новинарката Јохана Бакстром Лернбл, авторка на книга за една од најозогласените банди во Шветска.

Членови на банда поврзани се со едно семејство за кое неодамна пишувала Лернебл, завршиле на насловни страни во шветските новини бидејќи за време на конфликтот со ривалски клан поставиле имровизирани бариери на улиците, запирале коли и од патниците барале лични документи.

ТВ СВТ разговарала со еден млад човек кој се претставил како Самир и рекол дека контролните пунктови се поставени за да се “заштитат жителите и децата од тој крај“ .

Конфликтот е прекинат кон крај на август, но не благодарение на полицијата, туку поради тоа што претставници на неколку банди се состанале во еден хотел во Гетеборг и се договориле за примирје.

Се ова станало голема тема во шветските медиуми а почетокот на септември заменик шеф на полиција Матс Лофвинг изјавил за шветско радио дека во државата оперираат најмалку 40 семејни банди.

“Тие не сакаат да станат дел од шветското општество“, смета Лофвинг и нагласува дека тие криминални семејства стигнале во Шветска само за да се занимаваат со криминал и да воспостават свој паралелен систем на власт.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата