(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот

28.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот

Голем судир меѓу Ерменија и Азербејџан избувна во регионот Нагорно-Карабах. ООН повика на итен прекин на огнот.

Москва, Вашингтон и Брисел бараат итен крај на конфликтот, а Анкара ја обвинува Ерменија и најавува целосна поддршка за Азербејџан.

Двете страни распоредија тешка артилерија во областа, соопшти ерменското Министерство за одбрана.

Портпаролот на тоа Министерство, Артсрун Ованисјан, на својот Фејсбук напиша дека борбите продолжиле во текот на ноќта и дека вооружените сили на Ерменија постигнале значителен успех и немало прекин на огнот, пренесува „ТАСС“.

Од друга страна, Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека ерменските сили утрово го погодиле градот Тертер во Азербејџан, во близина на регионот Нагорно-Карабах и предупредија дека ќе бидат преземени реципрочни мерки.

Ерменската страна тврди дека 17 ерменски војници биле убиени и над 100 ранети во конфликтите во регионот Нагорно Карабах. Претходно, од Азербејџан беше објавено дека Ерменија претрпела големи загуби на првиот ден од контраофанзивата на азербејџанската армија – над 550 мртви и ранети.

Конечниот број на жртви од двете страни сè уште не е утврден.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата