Само Кратово нема заразени во моментов - ДЕТАЛИ ЗА СИТЕ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА

28.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Само Кратово нема заразени во моментов - ДЕТАЛИ ЗА СИТЕ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА

Кратово е единствениот град во земјава во кој нема активни случаи на Ковид – 19. На дното на листата се и Демир Хисар со двајца и Крушево и Пехчево со по тројца активни. Најмногу и натаму има во Скопје 684, по што следуваат Куманово со 182, Тетово – 174, Струмица – 150, Кочани – 149, Прилеп – 128 и Гостивар – 108.

Во другите градови се бројат под 100 случаи. Во моментов вкупниот бројот на активни на Ковид-19 во земјата изнесува 2323.

Во болниците се лекуваат 338 пациенти, од кои 43 се на кислородна поддршка, а пет се на механичка вентилација.

Во претходното деноноќие направени се 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 новозаболени. Оздравени се 69 лица, а тројца починале.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 17.629, оздравени се 1.4581, а битката со коронавирусот ја загубиле 725. Направени се вкупно 185.321 тестирања на Ковид -19.

Во светот, пак, бројката на ковид позитивни достигна 33,2 милиони. Излeкувани се 24,5 милиони, бројот на починатите надмина еден милион. Во моментов активни се околу 7,7 милиони луѓе.

Најмногу потврдени случаи има во САД 7,3 милиони, во Индија 6,1, Бразил 4,7 и во Русија 1,1 милиони. Кина, од каде што започна пандмијата на Ковид-19, досега евиденирала околу 85 илјади позитивни на Ковид-19

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6881, активни 684

• Куманово 1745, активни 182

• Дебар 284, активни 42

• Штип 1251, активни 53

• Прилеп 667, активни 128

• Тетово 1424, активни 174

• Струга 664, активни 58

• Велес 319, активни 34

• Битола 296, активни 59

• Охрид 421, активни 44

• Кавадарци 236, активни 49

• Гостивар 928, активни 103

• Гевгелија 125, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 233, активни 150

• Крива Паланка 107, активни 29

• Радовиш 76, активни 18

• Крушево 20, активни 3

• Кочани 340, активни 149

• Пробиштип 110, активни 21

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 92, активни 13

• Пехчево 43, активни 3

• Берово 102, активни 38

• Валандово 31, активни 22

• Виница 108, активни 29

• Делчево 159, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 0

• Свети Николе 341, активни 37

• Кичево 324, активни 39

• Ресен 164, активни 16

• Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по општини Скопје

• Чаир – 59

• Гази Баба – 80

• Аеродром - 109

• Карпош – 83

• Центар – 96

• Кисела Вода – 79

• Ѓорче Петров – 50

• Бутел - 31

• Шуто Оризари – 17

• Студеничани – 9

• Сарај – 12

• Арачиново – 5

• Илинден – 28

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 5

• Петровец – 7

• Зелениково - 2

• Странец – 7

• Нераспределен-2

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата