Еден починат и 159 новозаразени со вирусот во Словенија

27.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еден починат и 159 новозаразени со вирусот во Словенија

Во изминатите 24 часа, еден пациент почина во Словенија како резултат на Kовид-19, а од 1.917 тестирани лица, 159 беа позитивни, објави словенечката влада.

Во изминатиот ден 80 пациенти беа примени на болничко лекување, а 15 пациенти беа отпуштени од здравствени установи. Во моментов има 18 пациенти на одделенијата за интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата, 5.350 лица се разболеле, а 147 пациенти починале.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата