(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

27.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува Ројтерс. Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев рече дека има мртви и ранети меѓу цивилното население и меѓу војниците, откако ерменските сили отворија оган по линијата на раздвојување.

Огнот беше отворен од разни оружја, вклучително и од голем калибар, рече Алиев, наведувајќи дека „ова е уште една воена провокација од Ерменија“. Тој посочи дека Азербејџан нема да молчи за постапките на Ерменија.

Лидерот на Нагорно-Карабах, Араик Артјунјан, рече дека започна мобилизацијата на сите граѓани над 18 години и дека е прогласена воена состојба во земјата.

И во Ерменија премиерот Никол Пашинијан прогласи воена состојба и општа мобилизација.

Регионот Нагорно-Карабах објави дека 16 војници биле убиени, а над 100 се ранети во утринските судири со азербејџанските сили.

Утрово избувнаа судири меѓу ерменските и азербејџанските сили околу Нагорно-Карабах, област со мнозинство Ерменци, која прогласи отцепување од Азербејџан во 90-тите години на минатиот век. Во текот на денот, ерменската влада прогласи воена состојба и општа мобилизација поради ескалацијата на конфликтот во Нагорно- Карабах, а истото го стори и Азербејџан, пренесува Ројтерс.

Ерменија и Азербејџан се во конфликт подолго време поради одвоениот азербејџански мнозински ерменски регион Нагорно-Карабах, а граничните конфликти се интензивираат во последните месеци.

Единиците на одбраната на Карабах му нанесуваат штета на непријателот во однос на опремата и персоналот.

Видеото прикажува серија артилериски напади врз колона непријателски тенкови и борбени возила на пешадија. Одбраната на Нагорно-Карабах им нанесува моќни и прецизни удари на азербејџанските позиции и оклопните возила. Видеото за нападот го објави прес-службата на Министерството за одбрана.

Како што пишува портпаролот на ерменскиот министер за одбрана, Шушан Степанјан, на својот Фејсбук, претходницата на АО Карабах извршува успешни казнени дејства, нанесувајќи му човечки и технички штети на непријателот.

Министерството за одбрана на Ерменија преку соопштение тврди дека Азербејџан изгубил 4 хеликоптери, 15 дронови и 10 тенкови и борбени возила во конфликтите во Нагорно-Карбах, пренесува РИА Новости. Министерството за одбрана на Ерменија објави и снимки од уништување на тенкови.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата