Брнабиќ до Антикорупцискиот совет: Изнесете докази против Вучиќ, или поднесете оставка

27.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брнабиќ до Антикорупцискиот совет: Изнесете докази против Вучиќ, или поднесете оставка

Премиерката на Србија, Ана Брабиќ, ја повика членката на Антикорупцискиот совет Јелисавета Василиќ да изнесе цврсти докази за тврдењата дека братот на српскиот претседател Андреј Вучиќ купува земјиште во Војводина, или да си даде оставка од членството во Совет.

„Го молам Советот да се изјасни, да излезе со имињата за кои зборуваше Василиќ, каде е земјиштето или жената да си даде оставка и да каже’претерав, толку сум политички необјективна“, рече Брнабиќ.

Таа додаде дека потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ, ги нападнала неа и нејзиниот брат и дека граѓаните на Србија ќе плаќаат за тоа, бидејќи таа го напаѓала Асеко, кој е странски инвеститор.

Брнабиќ истакна дека нејзиниот брат е еден од 25.000 вработени во компанијата Асеко. Таа исто така рече дека побарала од Антикорупцискиот совет да се занимава со Асеко, но тие и рекле дека таму нема ништо спорно.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата