ТРАМП ОТКРИВА: Вучиќ и Хоти СЕ ГУШКАА по потпишувањето на договорот (ВИДЕО)

27.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРАМП ОТКРИВА: Вучиќ и Хоти СЕ ГУШКАА по потпишувањето на договорот (ВИДЕО)

На предизборниот митинг во Мидлтаун, Пенсилванија, американскиот претседател Доналд Трамп се осврна и на договорот меѓу Белград и Приштина и тој договор го оцени како свој и успех на Соединетите држави.

Трамп рече дека договорот спасил многу животи и наведе дека тоа е причина зошто тој беше номиниран за Нобеловата награда за мир.

Како што рече во обраќањето до гласачите, објавено на Јутјуб, станува збор за придонесот кон постигнување договор меѓу Белград и Приштина и меѓу Обединетите Арапски Емирати и Израел.

„Тие се убиваа многу години, само се убиваа, не се сложуваат“, рече Трамп.

Тој додаде дека станува збор за несогласување како несогласувањето меѓу Палестинците и Израел, истакнувајќи дека Белград и Приштина се разликуваат во многу нешта, вклучувајќи ја и религијата.

"Тргувавме од двете страни, така што имаме одредена моќ. Им реков, слушајте, ајде да постигнеме договор, да постигнеме економско примирје и општо примирје", рече Трамп во Пенсилванија, споделувајќи им на гласачите својот впечаток за реакцијата во неговата канцеларија по потпишувањето на договорот меѓу претставниците на Приштина и Белград.

„Тие се прегрнаа, беше прекрасна работа да се види, спасивме многу животи“, рече Трамп.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата