ЗАЕВ: ВЛАДАТА НЕ БАРА ДА СЕ УРНЕ ПОРТА МАКЕДОНИЈА

27.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЗАЕВ: ВЛАДАТА НЕ БАРА ДА СЕ УРНЕ ПОРТА МАКЕДОНИЈА

Владата со мислењето испратено до Општина Центар не бара да се урне проектот Порта Македонија или кој било друг од споменатите објекти, рече премиерот Зоран Заев.

- Мислењето дадено од Владата до Општина Центар не укажува дека треба да се руши кој било од споменатите oбјекти, туку препораката е дека предметниот ДУП треба да се разгледа и усогласи од Општина Центар имајќи ги предвид мислењата дадени од самите стручни комисии формирани од извршната власт, истакна Заев одговорајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека конкретниот проект, Порта Македонија, не попречува пешачки, ниту моторен сообраќај и дека низ уличната мрежа секојдневно минуваат и пешаци и возила, односно дека е дозвоелна непречена комуникација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата