Во три црногорски градови се воведува полициски час

26.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во три црногорски градови се воведува полициски час

Од понеделник, 28 септември, до 12 октомври, поради зголемувањето на случаите на коронавирус, во три црогорски градови Никшиќ, Беране и Андријевица, ќе биде забрането напуштање на домовите.

Полицискиот час ќе трае од 22 до 5 часот наутро, а забранети ќе бидат и работата на угостителските објекти, како и домашните посети.

Според одлуката на црногорското Национално координативно тело, работата на угостителските објекти и домашните посети од 28 септември ќе бидат забранети и во Рожае.

Во Котор, Будва, Подгорица и Плевља, од 28 септември до 12 октомври, угостителските објекти ќе имаат право да работат до 22 часот. Најмногу две лица ќе можат да седат на маса, додека задолжителното растојание меѓу столовите на гостите кои со грб се свртени еден на друг ќе биде еден метар.

Во другите црногорски општини ќе се применуваат епидемиолошките мерки што досега беа на сила, пишува „Вијести“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата