Не стивнува ситуацијата со корона во Куманово и Тетово - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ ЗА СИТЕ ГРАДОВИ

25.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Не стивнува ситуацијата со корона во Куманово и Тетово - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ ЗА СИТЕ ГРАДОВИ

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17343, бројката на оздравени пациенти е 14422, на починати е 721, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2200. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6782, активни 626

• Куманово 1729, активни 176

• Дебар 282, активни 41

• Штип 1243, активни 57

• Прилеп 652, активни 122

• Тетово 1411, активни 172

• Струга 662, активни 61

• Велес 316, активни 37

• Битола 285, активни 59

• Охрид 418, активни 46

• Кавадарци 225, активни 39

• Гостивар 924, активни 110

• Гевгелија 119, активни 52 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 215, активни 136

• Крива Паланка 102, активни 27

• Радовиш 75, активни 22

• Крушево 20, активни 3

• Кочани 319, активни 140

• Пробиштип 108, активни 19

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 92, активни 13

• Пехчево 43, активни 3

• Берово 91, активни 28

• Валандово 27, активни 18

• Виница 105, активни 27

• Делчево 157, активни 84 (34 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 1

• Свети Николе 327, активни 24

• Кичево 317, активни 38

• Ресен 162, активни 14

• Неготино 50, активни 3 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 66 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. 

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца  и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 38 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 167, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата