МОДЕРНА БАЈКА: Од продавачка на пазар до СОПРУГА НА НАЈБОГАТИОТ ФРАНЦУЗИН (ФОТО+ВИДЕО)

24.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МОДЕРНА БАЈКА: Од продавачка на пазар до СОПРУГА НА НАЈБОГАТИОТ ФРАНЦУЗИН (ФОТО+ВИДЕО)

Животот често пишува романи, па животот на руската манекенка Натали Водианова изгледа како модерна бајка!

Доаѓајќи од силна сиромаштија, таа беше принудена да го помине своето детство на пазар продавајќи овошје, каде што беше забележана од еден од агентите на една модна агенција од Париз.

Набргу потоа, Наталија се најде во градот на светлината и веќе на 19-годишна возраст имаше 20.000.000. долари на сметка!

Нејзиниот успех во модната индустрија во светот на богатите и славните, доведе до тоа да го запозне својот прв сопруг, аристократот Џастин Портман, со кого има три деца.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

OUI! 💝💝💝

A post shared by Natalia Vodianova (@natasupernova) on

По девет години брак и три деца, Наталија се вљуби во милијардерот Антуан Арно, сопственикот на луксузниот бренд „Берлути“, кој е сопственик на познатите модни брендови „Луј Витон“, „Гучи“, „Фенди“ и „Кристијан Диор“.

После неколку години врска со милијардерот, со кого веќе има два сина, сега е официјално омажена за него!

Свадбената церемонија се одржа на мала церемонија во Париз, каде што веќе долго време живее популарниот пар.

Невестата блескаше во венчаница со потпис на руската дизајнерка Улиана Сергенко, додека тој се определи за темно сино одело и неколку нијанси полесна вратоврска.

Погледнете како изгледаше нивниот излез од матично!

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата