Мизрахи: Ставот на СДСМ дека сум опасност за европската перспектива е како оној на Хитлер за Евреите

24.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мизрахи: Ставот на СДСМ дека сум опасност за европската перспектива е како оној на Хитлер за Евреите

Мизрахи ја загрози македонската европерспектива или преведено – Евреите се опасност за Европа, како изваден цитат од говорите на Гебелс и неговиот фирер Хитлер.

Со ваква објава реагира на социјалните мрежи претставничката на ВМРО-ДПМНЕ кога портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска оцени дека со изборот на Мизрахи во извршниот комитет, Мицкоски ја потврдил антиевропската матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

Мизрахи ја загрози македонската европерспектива е во превод Евреите се опасност за Европа како изваден цитат од говорите…

Posted by Рашела Мизрахи on Четврток, 24 септември 2020

„Мицкоски ја избра токму Рашела Мизрахи да го брани пред своите, пред членовите на ВМРО-ДПМНЕ, истата  таа што како министерка во техничката Влада ги спроведуваше деструктивните политики на Мицкоски, со што го прекрши Уставот и постоеше опасност да го загрози евроинтегративниот процес на земјата“, рече портпаролката на СДСМ.

Мизрахи, пак, вели дека ова се срамни изјави од страна на владејачката партија.

„Очекувам во следната ваква изјава на СДС да бидам нацртана како карикатура со огромен нос и очила“, напиша Мизрахи алудирајќи на нацистичките стереотипи за Евреите, додавајќи – знам дека нематe срам, но Македонија се срами од вас.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата