Откако преговорите со Наполи за Арек Милик наидоа на ќорсокак, во Рома се насочија кон друг напаѓач. Дел од италијанските медиуми пренесуваат дека „волците“ влегле во преговори со Реал Мадрид за трансфер на Борха Мајорал на „Олимпико“. Неговиот договор со Реал е во последната година и сега е време за трансфер.

23-годишниот Мајорал е дете на Реал, и последните неколку сезони играше како позајмен во Волфзбург и Леванте. Нема најави дека би играл важна улога во Реал во новата сезона, па веројатно ќе си оди.

Шпанецот е во плановите и на другиот римски клуб – Лацио, меѓутоа „орлите“ веројатно нема да притискаат за тоа што веќе си набавија нов напаѓач – Ведат Муричи од Фенербахче за кого платија 17 милиони евра.