Заев-Предан: Словенија е искрен поддржувач на процесот на пристапување кон ЕУ

24.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев-Предан: Словенија е искрен поддржувач на процесот на пристапување кон ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Република Словенија, Милан Предан, при што беше изразено задоволство од одличните билатерални односи на двете земји.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата било истакнато дека двете земји ги поврзува долгогодишно пријателство и соработка, а Северна Македонија во Словенија има искрен поддржувач во процесот на пристапувањето во ЕУ, како и близок партнер во НАТО.

Разговарајќи за пандемијата на Ковид-19, премиерот и амбасадорот констатирале дека заемната поддршка на двете земји за време на здравствено-економската криза е од исклучително значење за надминување на последиците што ги чувствуваат граѓаните.

Воедно, било констатирано дека Северна Македонија и Словенија остануваат посветени на создавање услови за зголемување на економската и трговската соработка, како и унапредување на развојната соработка.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата