Ѓукановиќ НЕ БРЗА ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ за новата влада

24.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ѓукановиќ НЕ БРЗА ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ за новата влада

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ќе го предложи мандатарот за состав на владата до 23 октомври, изјавија од канцеларијата на претседателот за МИНА.

- Согласно надлежностите утврдени со Уставот, претседателот на Црна Гора ќе ги изврши предвидените процедури и ќе предложи мандат за состав на влада во рок од 30 дена од денот на конституирање на парламентот, соопшти кабинетот, пренесува „Вијести“.

Пратениците на новото парламентарно мнозинство, 41 од нив, со свој потпис го поддржаа носителот на листата „За иднината на Црна Гора“, Здравко Кривокапиќ, за мандатар на новата влада.

Мандатарот ја објавува својата програма во Собранието и го предлага составот на владата.

Собранието одлучува за програмата на мандатарот и за предлогот за состав на владата истовремено.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата