Водечките производители на автомобили, вклучително и „Мерцедес-Бенз“ и „Тесла“, поднесоа тужба против владата во Вашингтон во врска со царините за увоз на делови од Кина.

Американскиот производител на електрични автомобили, „Тесла“, е последниот во низата компании кои се противат на царинските давачки и бараат враќање на средствата, пренесе Би-Би-Си.

САД воведоа тарифи за увоз на стоки и услуги од Кина, што укажува на огромна нерамнотежа во билансот на надворешната трговија. Кина возврати и двете водечки светски економии започнаа трговска војна што ги опфати технолошките компании.

Медиумите, во меѓувреме, објавија дека производителите на автомобили изминативе денови поднеле низа тужби пред Судот за меѓународна трговија, со седиште во Њујорк, пренесува Би-Би-Си.

„Мерцедес“ го обвинува Вашингтон за „невидена и неограничена трговска војна, која влијае на увозот од Народна Република Кина во вредност од над 500 милијарди долари“.

извор: Makfax

Најчитани вести