И за време на пандемија и економска криза, Владата распиша тендер за КОНДОМИ И ЛУБРИКАНТИ

24.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И за време на пандемија и економска криза, Владата распиша тендер за КОНДОМИ И ЛУБРИКАНТИ

Сиромаштија, граѓани без работа, покачени давачки е реалната слика во Македонија. Поради пандемијата Ковид – 19, над 40.000 граѓани останаа без работа, повеќето фабрики се затворија, се покачи сметката за струја…

Во време на беспарица, владата, поточно министерството за здравство распиша тендер за набавка на 150.000 кондоми, 37.000 кондоми со зголемена издржливост и 50.000 лубриканти.

Ова се случува кога владее економска и здравствена криза. Македонија има најлоша слика во регионот по заболени од КОВИД-19, министерот објавува тендери кои не се на помош за оваа епидемија која владее и е на праг вториот бран. Во Македонија до сега има над 17.000 лица заболени од вирусот и над 700-тини починати.

Имено, минатата година министерот за здравство, Венко Филипче набави 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти. А, пред неколку месеци, во октомври минатата година, владата набави дополнителни 20.000 шишиња лубриканти.

Извор: Курир.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата