Циклон се движи кон Македонија-Викендот може да падне и првиот снег

24.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Циклон се движи кон Македонија-Викендот може да падне и првиот снег

Денес времето во државава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локален дожд, ќе има услови и за појава на грмежи а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален краткотраен дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 27 степени.

Утре ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец додека во доцните попладневни и вечерни часови во западните предели ќе започнат врнежи од дожд кој во текот на ноќта кон сабота ќе се прошират и во останатите предели. Максималните дневни температури во петок ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

Во сабота под влијание на циклонска активност времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кој на повеќе места ќе бидат интензивни, локално ќе биде нестабилно со појава на грмежи а ќе дува и засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на големко опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот само од 16 до 24 степени, прогнозира Славчо Попоски.

За време на викендот исто така поради спуштањето на многу постуден воздух, не се исклучува можноста на највисоките планински врвови да падне и првиот снег.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата