Мицкоски: Правдата во Македонија е нападната, МАФИЈАТА НА ЗАЕВ ВЛАДЕЕ СО ТЕРОР И РЕВАНШИЗАМ

23.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: Правдата во Македонија е нападната, МАФИЈАТА НА ЗАЕВ ВЛАДЕЕ СО ТЕРОР И РЕВАНШИЗАМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како предводник на протестите пред присутните порача дека правдата во Македонија е нападната. Селективната правда, рече тој, денеска е неправда.

- Имаме невини луѓе во затвори. Луѓе кои страдааат на самоволието на власта и мафијата. Зошто е тоа така? Затоа што во овој хибриден режим, кој го констатираат европските институции, се владее со терор, со притисок и реваншизам. Ништо не сме смени за овие четири години, посочи Мицкоски.

Мицкоски притоа испрати неколку барања. Побара власта да даде можност опозицијата да предложи Јавен обвинител, како што власта ветуваше претходно. Второ, под итно да се спречи реваншизмот, притисоците и политичките етикетирања во институциите. Како трето, Мицкоски побара носење на нов Закон за заштита од дискриминација. Четврто барање, сите предмети кои се познати во јавноста каде е почуствувана неправда, да бидат отворени и предмет на ревизија, зошто досега не се постапувало.

- Полна е устата со владеењето на правото! Не може во Македонија да владее правото ако не се знае кој во Македонија незаконски прислушукуваше илјадници граѓани.. Не може никој да не сноси одговорност кој ја дал таа наредба! Кој и зошто ги полнеше кутите на референдумот. Не може да има владеење на правото ако не се открие кој ги прислушкиваше обвинителите и судиите кои се обледонети кон крајот на 2018 година, изјави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во својот говор пред учесниците на протестот рече ништо не се смени за овие четири години под мафија.

- Тие како пред четири години како и денес ветувaат исти работи. Ќе имало правда, ред, дисциплина. Ова влада нема решение за проблемите кој денеска се тешка сурова реалност. Една помината ноќ на невин човек во затвор е потешка од десет години на робија на криминалец. Во затворите има луѓе кој се таму поради политички прогон, а овие за кои Заев велеше дека се криминалци денеска гледаме дека се најблиску до него. Целта е едноставна. Двете мафии, онаа на Заев и онаа која му се покори да му служи сакаат да имаат две парти, каде сложно ќе договoрат кога да се смени власта, а тоа е кога нив им одговара, рече Мицкоски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се покорила.

Според него, не може да има владеење на правото, ако не се откријат имињата на сите оние кои што се инволвирани во Рекет 1, Рекет 2 од прв до последен да одговараат за тоа што сториле.

- Не може да има владеење на правото ако не се открие и форензички испита телефонот на Бојан Јовановски да видиме со кого комуницирал, за кој цели комуницирал и која била намерата на таа комуникација и таа преписка. За кого се градени старечки домови, кој и зошто бирал локации и зошто токму во тие општини се избрани тие локации. И можам да ви редам уште многу примери зошто не може да има владеење на право. Не може да има владеење на право кога во Собрание се носат закони кои што се наменети за неколкумина за да се реализираат политички непринципиелни цели, потенцираше Мицкоски. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата