Новиот Цитроен Ц4 - Вреди секое евро

21.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новиот Цитроен Ц4 - Вреди секое евро

Од оригиналниот Ц4 во 190-тите преку АМИ 6 и АМИ 8 во 60-тите, па ГС и ГСА во 70-тите, БХ, ЗХ, ксара, модерниот Ц4 и Ц4 кактус, Ситроен секогаш нештата ги „правеше“ поинаку од другите мејнстрим произведувачи.

Секако, знаеме точно како најновата генерација на Ц4 ќе изгледа откако француската компанија реши да објави неколку официјални фотографии пред неколку недели. Меѓутоа, сега знаеме повеќе детали за дизајнот и технологијата.

Лесно е да се види дека новиот Ц4 е повеќе кросовер отколку обичен хечбек од Ц-сегментот, што се гледа по тркалата набуткани во самите ќошеви на возилото и одалеченоста на подот од подлогата од 156 милиметри. Резултатот е кренат став на автомобилот за кој нема пречки.

Новиот Ц4 е долг 4.360 милиметри, широк 1.800 милиметри и висок 1.525 мм, со меѓуоскино растојание од 2.670 милиметри. За споредба, ова се мерките на претходникот: должина од 4.329мм, ширина 1.789мм, висина 1.491мм и меѓуоскино растојание 2.608 милиметри.

Инструмент-таблата на новиот Ц4 е широка и хоризонтална, создавајќи ефект на целосност, додека високата и широка централна конзола го дава кросовер ефектот кој во последно време сите го сакаат.

Што се однесува до практичноста, новиот ситроен Ц4 има багажник со капацитет 380 литри кој се зголемува до максимални 1.250 литри со спуштање на задната клупа.

Новиот Ц4 ќе може да се купи со три бензински мотори и два дизелаши. Бензинците се со 100, 130 и 155 коњски сили, а дизелашите со 110 и 130.

Доколку се решите за опцијата со нула штетни емисии, тука е е-Ц4 верзијата со електромотор од 50 киловати и батерии од 400 волти. Дава 136 коњски сили и радиус на движење со едно почнење од 350 километри. Ситроен е-Ц4 забрзува до 100 км/ч за 9,7 секунди, а максималната брзина е 150 км/ч.

Новиот ситроен Ц4 во Европа ќе почне да се продава од оваа есен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата