Снимка од теретана платена милијарда евра

20.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Снимка од теретана платена милијарда евра

Сред корона, отпуштања од работа и кога владата земаше кредити кои на крај стасаа до милијарда евра, пропагандната машина на Зоран Заев и СДСМ, систем од невладини организации, партиски телали и контролирани медиуми, отвори “афера“ дека шефот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за време на корона вирусот – посетил теретана!

Сето тоа, за да биде драматично и таинствено, беше поткрепено со снимки од сигурносни камери. Цела една теорија на завера затоа што шефот на опозицијата бил во теретана во време на корона кризата. Обрнете внимание на делот “во време на корона кризата“.

Јавноста, во голем дел веќе истренирана на малограѓанштина и хипнотизирана да се дразни на афери и скандали, наместо да гледа факти и свој интерес, по којзнае кој пат наседна на пропагандната машина на СДСМ. Хипнотизерите со недели како главна тема ја држеа теретаната и Мицкоски. Бадијала Мицкоски тврдеше дека снимката е стара, повеќе од година дена и не е во време на корона правилата, и дека не гледа што е лошо ако политичар биде виден во теретана или пешачење на Водно.

Хипнотизерите на СДСМ, кои успејаа да убедат дел од јавноста да ги заборави снимките “едно евро за Вицето...“ наметнаа други снимки, од теретана, и теза дека државата зависи од тоа дали Мицкоски бил во теретана, и треба кривично да одговара бидејќи не се држел до препораките за изолација во време на корона вирус. Иако, во исто време, Зоран Заев со своите дворски шутови, и пазен од државно платена полиција, имаше привани мотор забави низ источна Македонија. 

Обвинителството, стандардно, одработи за СДСМ. Отвори случај од снимките во теретана со што им даде значење и сериозност. Со месеци тоа беше кривично-правен процес во развој и, со самото тоа, имаше своја функција на штета на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ и за време на изборите. 

Изборите поминаа. После скоро пет месеци Обвинителството констатираше дека Мицксоки не бил во теретана за време на мерките против короина вирус! Дека снимките кои ги употребувал СДСМ се монтирани, стари повеќе од година дена и свесно ставени во друг временски конктекст за да се отвори лажна афера со цел да се нанесе штета на политичкиот противник!

На Обвинителството му требаа пет месеци за прост увид во датумот кога е создадена снимката. Им требаше толку за да не ја демнатираат веднаш, пред избори, туку да остават тој монтиран скандал да има употребна вредност на изборите. Како што во Народна банка криеа ликвидација на Еуростандард банка решена во Јуни, но објавена во Август, за да не се објави пред изборите во Јули, и да нанесе штета на Заев и СДСМ.

Кога ќе се појави информација за корупција на владата, СДСМ и ДУИ, Обвинителството не реагира бидејќи “не им биле доставени докази“. Ако пријавителот, или информаторот за корупција, треба да собира докази што е тогаш работа на Обвинителството? СЈО подели милион евра за своите обвинители надвор од закон, но ОЈО не гледа криминал во тоа. Затоа, пет месеци анализираше лажни видео снимки за Мицкоски во теретана.

И така, народот наседна повторно. Се занимаваше со теретаната на Мицкоски, а Заев и СДСМ им сокрија милијарда евра, пари земени од кредити, кои не се појавија на пазарот ниту како субвенција и помош во време на кризата, ниту како инвестиција... Едноставно – милијардата евра ја снема. А ние допрва треба тие пари да ги враќаме. На СДСМ  му плативме милијарда евра за да се забавуваме со фалц снимка од теретана.

Колку милијради евра стопија Заев СДСМ, зедно со ДУИ,  од 9 септември 2015, денот од кога почнаа да објавуваат први туѓи телефонски разговори за забава и хипнотизирање на јавноста, па се до теретаната на Мицкоски? 

Зоран Верушевски, сопственикот на назаконски собраните туѓи телефонски разговори пред суд изјави дека голем дел од јавно објавените снимки се монтирани. Обвинителството објави дека снимката на Мицкоски во теретана е исто така монтирана, свесно се лажело кога е направена. Хипнотизираниот народ сега од тие “снимки и афери“ знае се за секого, а не го знае главното – каде се над две милијарди евра од “буџетската дупка на владата на СДСМ“ и каде е, дополнително, милијарда евра од кредитите за време на корона.

Парите ги нема, и нема ни да ги има. Отворете го фрижидерот, празен е, нема храна ни пијалоци, ама полн е со афери и скандали.
 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата