Отпеа светски хит, исчезна од сцената, а денес е директор на школо... Се сеќавате ли на ова момче?

20.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Отпеа светски хит, исчезна од сцената, а денес е директор на школо... Се сеќавате ли на ова момче?

Осумдесеттите изнедрија многу пејачки ѕвезди, а една од нив е и Глен Медеирос, или како што би рекле Американците Глен Медерос. Младото момче од Хаваи во далечната 1987 направи бум со обработката на познатиот хит на Џорџ Бенсон „Nothing's Gonna Change My Love For You". За разлика од оригиналот Глен со својата верзија го освои светот, а песната се најде на врвот на бројни топ листи.

По нумерата „Nothing's Gonna Change My Love For You", Глен продолжи со кариерата, но никогаш немаше успех како со оваа тема. Еден од позабележителните хитови му беше „She Ain't Worth It" од 1990 година.

Глен издаде 8 албуми, па исчезна од сцената. Сега неговото внимание е насочено во друга насока, тој е образуван човек, докторирал на Универзитетот Јужна Калифорнија. Моментално е директот на Сент Луис школото во Хонолулу на Хаваи.

Глен кој има 50 години дал интервју за хавајскиот „Think Tech", каде зборувал за кариерата, семејството...

Еве како денес изгледа Глен:

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата