Нови детали за бруталната ликвидација со бомба во Белград - СТРАХИЊА Е УБИЕН БИДЕЈЌИ ГО ИЗДАЛ КЛАНОТ?

19.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нови детали за бруталната ликвидација со бомба во Белград - СТРАХИЊА Е УБИЕН БИДЕЈЌИ ГО ИЗДАЛ КЛАНОТ?

Страхиња Стојановиќ(30) кој на 13 септември загина на Нов Белград во експлозија на бомба подметната под неговиот џип, наводно ликвидиран е поради предавство на кланот на кој припаѓал, дознава српски Ало.

Според зборовите на изворот, Страхиња после обидот за негово убиство во 2018 година, наводно склопил примирје со спротивниот клан, што сега го чинело глава. После тој дил, тој се почувстувал безбедно и не криел каде се движи, за што зборува фактот дека неговата девојка Соња Суарез Гомез(45) често на социјалните мрежи објавувала нивни фотографии и локации каде се наоѓаат.

Токму тој договор е еден од правците на истрага на ликвидацијата, бидејќи не се исклучува можноста дека неговите пријатели помислиле дека тој ги издал и поминал на  спротивната страна. Залучиле дека тој е Јуда бидејќи постојат информации, кои се проверуваат, за тоа дека тој често престојувал во Шпанија, каде слободно се движел, иако тоа е територија на Лука Бојовиќ, шеф на шкаљарскиот клан, со кој тие се во судир – вели изворот за Ало.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата