Лажна дојава ја блокираше „Партизанска“ – место бомба пронајдена вага

17.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лажна дојава ја блокираше „Партизанска“ – место бомба пронајдена вага

Голем број полициски екипи има пред познатата пекара „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава за бомба.

„Имаше дојава дека станува збор за непозната направа и во моментов полициските екипи се излезени на терен“, велат од МВР.

Неофицијалните информации од полициските екипи на терен се дека всушност станувало збор за две ваги и дека тие ќе се повлечат од местото.

Блокирана е целата улица од Архитектонскиот факултет до Силбо.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата