Старт каков што ретко се гледа доаѓа од францускиот женски фудбалски шампионат, а го направи фудбалерката на европскиот првак Лион Селма Бах. Таа во 94. минута при водство на својата екипа од 3:0 против Ремс, ја „покоси“ Мелиса Херера. Селма со колено ја удри во лице противничката која падна на тревата и почна да плаче.

Бах доби директен црвен картон, а Херера заврши во болница.