Езџан Алиоски беше дел од екипата на Лидс која вечерва играше во 1/32 финалето на Лига купот на Англија. Македонскиот репрезентативец прво го спаси Лидс од пораз од Хал, а потоа утна пенал во пенал-серијата.

Гостите поведоа со голот на Вилкс, а Лидс изедначи со голот на Алиоски во третата минута од судиското продолжение на мечот и така му овозможи на својот тим да се бори за пласман понатаму преку пенали.

Алиоски утна во втората серија (ја погоди стативата), но гостите утнаа во третата, па така двете екипи шутираа дури 20 пенали за да го решат победникот. И двете екипи погодуваа од четвртатаљ до деветтата серија, а погреши Шаклтон од Лидс па екипата на Хал отиде понатаму (победи со 9:8 во пенал рулетот).