Денеска или утре ќе бидат познати имињата на замениците-министри во новата Влада. Ова на прес-конференција во понеделникот го изјави првиот вицепремиер на Владата, Артан Груби.

Од 15 заменици министри во владата ДУИ ќе има 5, а СДСМ 3 заменици (во Министерство за Финансии, во министерството за администрација и во министерството за земјоделие).

Првиот вицепремиер Артан Груби во дебатната емисија на МТВ2 ја потврди вестите за назначувања на заменици министри.

Груби рече дека Назим Буши ќе биде заменик министер на МВР, Агим Нухиу во правда, Беким Реџепи во транспорт, Башким Хасани во одбрана и Илир Хасани во здравство.

ДПА ќе има 1 заменик и тоа во МНР, додека партијата ДОМ добива заменик на министерот во Животна средина.

Според информации од преговарачките тимови, БЕСА ќе номинира двајца заменици и тоа во еден министерството за образование и еден во министерството за култура.

Демократската партија на Турците добива еден заменик во министерството за политички систем, а ДС на Павле Трајанов ќе има заменик министер во локална самоуправа.

Партијата на Амди Бајрам ќе има заменик министер во труд и социјала, а на НСДП, партијата на Тито Петковски, ќе и припадне заменичкото место во министерството за економија.

Петте заменици министри од ДУИ ќе бидат предложени во ресорите МВР, правда, здравство, транспорт и во министерството за одбрана.

Преговорите за заменици министри сеуште не се затворени во рамките на коалицијата на СДСМ во која е и БЕСА, но и други помали партии (ЛДП, ДПТ, ВМРО-Народна и други), па затоа можни се и одредени рокади до петок, кога се очекува предлозите да бидат доставени до Собранието за избор на замениците.

Фото: Принтскрин Коалиција “Можеме“

Најчитани вести