Македонското дерби во групата Б меѓу македонските репрезентативци, Кирил Лазаров и Дејан Манасков мина во знакот на гостинот на оваа средба. Веспрем благодарение на добрата игра во второто полувреме со триумф ја отвори новата сезона, кај Нанат славеше со 24-28 (10-11).

Во првото полувреме беше релативно изнедначно, францускиот тим неколку пати поведе со еден гол, додека пак унгарскиот првак имаше и позитива од два гола, на одморот беше 10-11. По одморот се смени сликата на теренот, Веспрем полека, но сигурно го зголемуваше водството, кон средината на второто полувреме беше 17-21. Нант успеа да намали на два гола 20-22, но немаше сили за пресврт.

Манасков беше стрелец на пет гола, исто толку погодоци запиша и Лазаров.

Во втораа средба од групата А, Фленсбург по голема драма го совлада Келце со 31-30. Ова беше незивесен натпревар, кој беше решен во последната минута со голот на Јохансен. Келце имаше шанса за изнедначување, но не успеа да реализира. Игор Карачиќ мечот го заврши со три гола,