Во финишот на продолжената сезона, НБА лигата ја одбра најдобрата петорка во сезоната 2019/20. Во неа оваа година место доби и словенечкото кошаркарско чудо, Лука Дончиќ, кој во втората сезона од настапите во најсилната светска кошаркарска лига успеа да се избори за ова ласкаво признание.

Во вториот најдобар состав за оваа сезона, место доби и српскиот центар Никола Јокиќ.