Сташ Скубе како победник излезе во првата пресметка со Вардар 1961, неговиот Мешков Брест се радуваше на првите два бода на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, откако славеше со 24-22.

Словенецот мечот го заврши со еден погодок, а на својот некогашен тим со кого ја освои Лигата на шампионите му посака среќа и место во

„Почнавме добро, не бевме способни да го контролираме мечот и покрај тоа што имавме добра позитива. Вардар премногу лесно изедначи, ние не знаевме да постигнуваме лесни голови. На крајот бевме многу среќни, треба да се радуваме на двата бода и да работиме за она што не очекува во продолжение на сезоната. Верувам дека имаме квалитети за да ги оствариме нашите цели. На Вардар му посакувам се најдобро, да ги победи следните мечеви и секако пласман во осминафиналето“.