Продолжи падот на балканските екипи во квалификациите на Лигата на шампионите. После елиминацијата на Црвена Звезда од кипарска Омонија, испадна и хрватскиот шампион Динамо Загреб. „Модрите“ вечерва доживеаа пораз на гостувањето кај Ференцварош со 2:1 и испаднаа од елитата.

Ференцварош поведе уште во 2. минута со голот на Ловренчич, а Динамо изедначи на 1:1 благодарение на автоголот на Узуни. Но истиот играч се извади во второто полувреме со гол кој се покажа како победнички (2:1).

За Динамо цел меч одигра македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Во следното коло патува и Макаби Тел Авив после победата од 1:0 над Динамо Брест. Голот го постигна Битон од пенал во 50. минута.

Карабах и Молде одиграа без голови, па таму се продолженија. Вечерва играат уште Митјиланд и Јанг Бојс.