Вардар 196 не успеа да дојде до двата бода на гостувањето кај Мешков Брест, ниту пак да се избори за реми и покрај тоа што имаше шанса и за двете сценарија. На крајот „црвено-црните“ се враќаат со празни раце и пораз од 24-22.

Тренерот на македонскиот клуб, Стевче Алушовски го издвои лошиот финиш, а на своите момци им честиташе за борбеноста.

„Многу е тешко да се зборува кога вака ќе загубите натпревар. Мислам дека денес победи посреќната екипа. Им честитам на Мешков и на тренерот Алонсо. Мислам дека направивме неколку клучни грешки во последните минути. Не се среќни нашите навивачи, но јас морам да честитам за борбеноста на моите играчи. Мислам дека ни претстои многу работа и мора да гледаме брзо кон следниот меч“, изјави Алушовски.