Тимур Дибиров во поразот од Мешков Брест запиша два погодоци. Левото крило на Вардар гледа простор за напредок, но истовремено не може да си прости дека го загубија мечот (24-22) во последните пет минути.

„Честитки до Мешков, имаа одлична поддршка од навивачите. Недозволиво е да правиме вакви грешки, загубивме во последните пет минути. Имавме контрола цели 55 минути, беше и изедначено, па срушивме се во последните пет минути. Дефинитивно имаме простор за напредок, мора да се фокусираме и да работиме, само така може да ги подобриме резултатите“, изјави рускиот репрезентативец“.