Светскиот рекет број 2, Рафаел Надал, се врати на терените со победа на АТП Мастерсот во Рим. Шпанецот оствари лесна победа со 6:1, 6:1 за само 73 минути против својот сонародник Пабло Карењо Буста во натпревар од второто коло.

Ова беше прв официјален натпревар за Надал од 1 март годинава, кога победи на турнирот во Акапулко. Во третото коло, Надал ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Милош Раониќ и Душан Лајовиќ.