Путин сам ќе каже дали и кога сака да ја прими вакцината

16.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин сам ќе каже дали и кога сака да ја прими вакцината

Рускиот претседател Владимир Путин сам ќе соопшти дали и кога сака да ја прими вакцината против коронавирус, изјави неговиот портпарол, Дмитри Песков.

„ Ако сака и кога сака да се вакцинира, сам ќе информира за тоа“ рекол Песков.

Како што потсетил, првата вакцина против Ковид-19 е регистрирана во Русија во август, за време на јуни и јули е испитана на добороволци, минатата недела беше пуштена првиот пакет вакцини во цивилен промет.

Вакцината го доби името – „Спутник В“.

Путин претходно најави дека втората руска вакцина ќе биде регистрирана во септември.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата