СТРАШНО: Четири години работел како лекар, а немал завршено ни основно образование (Видео)

16.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СТРАШНО: Четири години работел како лекар, а немал завршено ни основно образование (Видео)

На само 23 години, д-р Верагандам Теја веќе работел во 16 приватни болници, водел неколку медицински кампови и волонтирал со бенгалската полиција и локалните работници за време на пандемијата. Сето звучи како завидно резиме за секој доктор, особено за оној што го напуштил училиштето во петто одделение и немал медицинско образование.

Веерагандам Теја од индиската држава Западен Бенгал повеќе од четири години работел како лекар пред да биде откриен. Клопчето почнало да се одмотува кога неговата втора сопруга го пријавила во полиција за психичко и физичко малтретирање. Требало само малку копање и полицијата открила мрежа на лаги што траеле десет години, лажни дипломи и сертификати, како и неколку негови псевдоними. Нивниот заклучок бил дека кариерата и скоро целиот живот на Теја, всушност, биле измислица, пренесува Oddity Central.

Во 2016-та година, кратко по почетокот на неговата медицинска кариера, полицијата го фатила како се претставува како полицаец на ИПС, тогаш користел службени возила, тврдејќи дека е син на висок офицер на ИПС, но во тој случај успеал да се ослободи од обвиненијата. Потоа почнал да работи како лекар во неколку реномирани специјални болници, а бидејќи ги имал основните медицински вештини што ги научил за време на стажирањето, никој не се сомневал во него.

Се покажало дека неговите достигнувања не биле ни приближно толку импресивни како што сугерирала неговата биографија. Го напуштил училиштето во петто одделение и побегнал од дома во 2005 година, а потоа патувал во повеќе градови, продавајќи флаширана вода и грицки во возовите. Така се сретнал со д-р Пурушотами Реди, кој му обезбедил работа. Потоа дознал за социјалните и финансиските придобивки од медицинската професија и решил да ги доживее од прва рака. Д-р Реди, кој му понудил засолниште и финансиска поддршка на Теја, откако слушнал дека е сираче, исто така, му помогнал да добие возачка дозвола и документ за гласање, како и други важни документи.

Амбициозниот тинејџер подоцна го позајмил презимето на лекарот и работел на добивање на секакви лажни сертификати и дипломи со цел измамата да биде што поубедлива. Тој ги искористил сертификатите што ги фалсификувал за стажирање во болницата, каде ги научил основните медицински вештини што подоцна ги користел. По стажирањето, замина во Бангалор, каде што извесно време работел како окружен медицински офицер. Потоа се преселил во Хајдерабад, каде работел како лекар во неколку болници.

Да не била тужбата на неговата сопруга, која ја покренала истрагата, Теја веројатно се уште ќе работел како лекар.

Истражителите откриле дека Теја, иако во некои документи се вели дека тој имал само 23 години, всушност бил многу постар. Нивниот извештај, исто така, споменува дека за време на неговата четиригодишна медицинска кариера лекувал голем број пациенти, вклучувајќи ги и оние со корона вирус.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата