Герет Бејл се враќа во Тотенхем. Велшкиот репрезентативец одлучил да оди на „Вајт Харт Лејн“, а тоа го потврди и неговиот агент Џонатан Барнет кој додаде дека се блиску до договор. Бејл не е во плановите на Зинедин Зидан, па одамна се пишува за неговото заминување. Деновите излегоа информации дека ќе оди во Манчестер Јунајтед, но излезе дека „Олд Трафорд“ нема да биде неговата идна дестинација. Наводно Јунајтед нема пари да го купи, па останува втората опција Бејл да се врати во Тотенхем, клубот во кој се прослави како фудбалер.

Фудбалерот се договорил за позајмица на една сезона со тоа што Тотенхем има право да го откупи неговиот договор. Се шпекулираше дека како дел од трансферот на „Бернабе“ ќе оди некој фудбалер од Тотенхем (Деле Али) но на крајот одлуката била позајмица без вклучување на други фудбалери во трансферот.