Нејмар вчера го обвини за расизам фудбалерот на Олимпик Марсеј, Алваро Гонзалес и го наведе како причина за големиот инцидент којс е случи на дербито во неделата. Сепак, Бразилецот по сите искажани навреди кон Алонсо, очигледно не ги спомена неговите, ништо помалку навредливи зборови упатени кон другата страна.

Шпанската телевизија „Гол“ успеа да направи препис на целата кавга во која се гледа дека Нејмар го нарекува Гонзалез „е*** педер“. Навивачите на Марсеј тргнаа со хаштагот #NeymarHomophobe низ социјалните мрежи , со цел адекватно да го казнат Бразилецот за неговите навреди. Суспензиите за црвените картони сè уште се чекаат и ќе видиме дали несоодветниот вокабулар ќе го чини Бразилецот и дополнителна казна.