Има 50 кг, а омилено јадење и е помфритот! Откриена тајната за совршена фигура на Меган Маркл

16.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Има 50 кг, а омилено јадење и е помфритот! Откриена тајната за совршена фигура на Меган Маркл

Меган Маркл со својот изглед никого не остава рамнодушен. Сепак, нејзината фигура не е таква случајно, туку за тоа е заслужна јогата, како и здравата храна. Имено, таа секогаш исто се храни, а некогаш знае да се почести со чаша вино и помфрит, кој и е едно од омилените јадења.

Правилото до кое се држи и кое и одговара е дека веднаш после будењето пие чаша топла вода со лимон. Така му помага на своето тело да се разбуди и наполни со енергија. Овој стандарден ритуал е секојдневие на многу холивудски ѕвезди. 

Она што е многу важно - Меган никогаш не го прескокнува појадокот. Додека за ручек главно јаде салата, малку протеини, меси, риба, скара без масло, а за вечера паста или бифтек со сос од тиквички со ниско количество калории. 

Инаку, Маркл вели дека сака да готви и ја својата редовна вечера има посебен рецепт: 

- Тиквички ги сече на коцкички и ги загрева, без масло. Кога ќе се пропржат, односно кога ќе омекнат користи блендер и добива сос кој го комбинира со сите производи или го јаде како посебно јадење.

Дневно мени: 

Појадок: овесна каша со банана и мед или јаворов сируп или пудинг со чија семе.

Ручек:  салата од зеленчук и парче риба (месо) или грав.

Ужина: зелено јаболко или овошје и зеленчук.

Вечера: тестенини со тиквички и пармезан и чаша црвено вино.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата