КАТАСТРОФА: УШТЕ 7 ПОЧИНАТИ ДЕНЕС

16.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
 КАТАСТРОФА: УШТЕ 7 ПОЧИНАТИ ДЕНЕС

Нови 163 случаи со Ковид-19 од направено 1.721 тестирање, седум починати и 132 оздравени пациенти, регистрира Министерството за здравство во последните 24 часа.

Од новорегистрираните  во Скопје има 33 случаи, по што следува Струмица со 18,  Куманово 17,  Тетово со 13,  Кочани 11, Гостивар со осум, Прилеп и Делчево со по седум, Велес со шест, Штип и Кавадарци со по пет,  Битола четири, Дебар, Струга, Гевгелија и Кичево по три, Охрид, Крива Паланка, Радовиш, Ресен, Виница, Валандово и Македонски брод по два. По еден нов случај е евидентиран во Пробиштип, Демир Хисар и Свети Николе.

Починати се седум лица, и тоа двајца пациенти од Струга (78г и 80г), пациент од Кочани (77г), од Струмица (44г), од Скопје (72г), од Битола (79г) и еден пациент од Гостивар (79г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16 088,  бројката на оздравени пациенти е 13 550, на починати е 668, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1870.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата